Severity: Notice
Message: session_start(): ps_files_cleanup_dir: opendir(/var/lib/php/session) failed: Permission denied (13)
Filename: models/model_frontend.php
Line Number: 597

Девизните резерви на крајот од април се во износ од 5.207 милиони евра. Најголемиот дел од нив се пласирани во хартии од вредност – 70,8 проценти.
Во монетарно злато се чуваат 16,8 проценти, а 12,3 проценти се во валути и депозити.
Во споредба со претходниот месец, според податоците на Народната банка, резервите бележат мал пад од 0,8 отсто. Мартовското ниво беше 5.249 милиони евра.
Сепак, на годишно ниво се забележува раст од 9,13 насто. Во април лани изнесувале 4.771,2 милиони евра. А, во четвртиот месец од 2024 година биле 4.329 милиони евра.
Девизните резерви претставуваат средства веднаш расположливи за монетарната власт, која управува со нивната употреба. Тие служат за интервенции на девизниот пазар, влијание врз курсот, финансирање на платниот биланс и заштита од надворешни економски шокови, како и за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг.